„ДУИ не може да излезе со официјален став за формирање на Владата и сметаме дека е потребна дополнителна консултација во рамки на партијата. Во моментов нема доволно аргументи за донесување било каква одлука. Консултациите и разговорите продолжуваат и во наредните неколку денови“ – рече партискиот портпарол Бујар Османи, во очи на истек на рокот за формиање на нова влада.
Според тоа што го посочи Османи, едногласна била одлуката да се продолжат консултациите во партијата, со тоа што немало доволно аргументи и ставови кои би претежнале на една од петте веќе посочени опции од ДУИ. За партијата како што вели Османи важно било да се донесе правилна одлука имајќи ги пред себе идејата кон доброто на граѓаните и своите гласачи, но и во рамки на сеалбанската декларација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)