| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали во вашит дом има негативна енергија

вода
Нашиот дом треба да го претставува нашето најбезбедно место, засолниште од сè што во текот на денот нè нервира.

Но кога е преполн со негативна енергија, тоа е последното место на светот на коешто сакате да бидете.

Иако не ја гледаме со “голо” око, енергијата во нашиот дом и тоа како влијае на нашата општа состојба и токму затоа важно е да ги протераме негативните вибрации коишто се во него. А постои и еден многу едноставен рецепт поради којшто во домот ќе се чувствувате многу поудобно и посмирено. Се работи за народно верување коешто пред повеќе години луѓето често го применувале и практикувале во своите домови.

Што ви е потребно?

● Една потполно проѕирна чаша
● Оцет
● Вода
● Сол

Подготовка:

Во чашата сипете малку сол, малку оцет и на крајот додадете вода. Оставете ја оваа мешавина во некоја од просториите во којашто минувате најголем дел од времето и кадешто најчесто ги примате вашите гости. На пример, во дневната соба.

Чашата оставете ја таму 24 часа, а повремено и надгледувајте како се однесува. Ако нивото на водата малку порасне, или чашата се прелие, тогаш според народното верување во домот сте имале негативна енергија којашто се впила во оваа мешавина. Оваа постапка повторувајте ја секогаш кога ќе почувствувате потреба за нешто такво.

Бидејќи се работи за народно верување, голем дел од вас можеби и ќе го примат со доза на резерва, но рецептот е толку едноставен, што секако вреди да се проба. А и може да очекуваме единствено само позитивен ефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top