Дру Баримор(41) на крајот на минатата година се разведе од актерот Вил Копелман(39) со кој беше четири години во брак. Иако вели дека е шокирана поради разводот и самотијата, не сака да бара момче преку интернет.
-Повеќето пријателки имаат апликации на мобилниот за пронаоѓање партнери и тоа им е забавно, но јас не го сакам тоа – вели познатата актерка. Таа со Вил ги има ќерките Олива(4) и Френки(2).
После разводот се посвети на децата и глумата. Освен тоа Дру има фирми кои произведуваат врвни вина и козметика.
-Сакам да им покажам на своите ќерки колку е важно да се работи – рекла Дру.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.