Премиерлигашите Ливерпул, Челси и Арсенал застанаа во редот и го чекаат расплетот на Аргентинецот Паредес и Рома и се сериозно заинтересирани за неговите услуги. Фудбалерот не е задоволен од својата минутажа оваа сезона и само еднаш се запиша во листата на стрелците, а одигра вкупно 22 натпревари.
Според италијанските медиуми, Рома е подготвена да го продаде фудбалерот оваа зима, но само доколку на адресата на „волчицата“ пристигне понуда од 30 милиони евра.
Тој својата кариера ја започна во Бока Јуниорс, а во Рома дојде од редовите на Киево и се поверојатно е дека ќе ги промени клупските бои оваа зима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.