Стоп операција Сорос (СОС) Македонија е група активисти – новинари, историчари, аналитичари – коментатори кои повеќе години работат на проблемот на финансирање и поддршка на радикалните активисти на Сорос во Македонија. Повеќе години тие ја предупредуваат македонската, но и американската јавност за опасноста од активностите на Фондацијата Отворено општество, голема мрежа НВО, кои всушност преставуваат држава во држава.
–Подготвивме извештај кој детаљно ги опишува нивните активности, со сите организации што за жал не ги финансира само Џорџ Сорос ами и УСАИД, значи со пари на американските даночни обврзници. Како демократско општество долго време ги толерираме овие активности, но неприфатливо е овие организции да се поврзани со политички партии и со поранешни разузнавачи од комунистичкиот режим и да организраат кампања против конзервативната реформистичка Влада на РМ, која ја ужива довербата на народот преку една деценија. Нивните активности вклучуваат и насилни протести , напади на полицијата, тепање полициски службеници, засплашување на сите кои размислуваат различно со слогани „Тик-так“. Дури и американнските слогани „И црниот живот вреди“ и „Нема правда нема мир“ најдоа пат до македонските улици за време на овие насилни протести, објаснува еден од иницијаторите на граѓанската иницијатива, новинарот Цветин Чилиманов.
Чилиманов вели дека иако СОС има испратено реакција до Амбасадата на САД во Македонија и УСАИД Македонија, кои имат дадено десетици милиони долари се уште се обидува да дојде до целосната сума која е многу поголема, имајќи предвид дека само два поголеми грантови изнесуваат околу 14 милиони долари. Со овие пари, кои потекнуваат од американските даночни обврзници, вели Чилиманов, се финансираат левоориентирани организации кои промовираат абортус, прогресивно оданочување и економски политики, крути правила на трудовото право, редефинирање на структурата на семејството во Македонија.
–Тие плазираат лажни вести од Македонија во меѓународните медиуми, а целта им е да ја обвинат конзервативната власт Македонија за се што не е вистина, дури и за тоа дека конзервативната Влада на РМ организирала напад врз земјата – самата себеси се нападнала или самата себеси се прислушувала.
Овие очигледно неточни информации беа плазирани во светските медиуми со помош на дипломатската мрежа на САД, која, за жал во времето на Обама ги усогласи своите активности со активностите на Сорос во Македонија. Затоа, верува Чилиманов, новата администрација на САД, со промените во Стејт департментот и во УСАИД, ќе му стави крај на ова.
–Нема апсолутно никаква причина зошто американските даночни обврзници би поддржувале мултимилионер кој промовира радикални политики во Македонија со децении. Не постои причина зошто американските даночни обврзници би поддржувале организацијата која промовира отворање на границите на Македонија, а со тоа и на границите на цела Европа, кон Блискиот Исток, со сите неприфатливи последици кои ќе произлезат. Зошто американските даночни обврзници би финансирале мултимилијардер кој има паралелна дипломатска служба во Европа и во светот, кој има паралелни цели во надворешната политика, а кој се залага за централизација на Европа, укинување на националните држави, укинување на државите и подеднакво на националните идентитети. Ова треба веднаш да запре. Не можеме да издржиме уште четири години со овој тип активности, односно Владата на САД да го финансира Сорос во Македонија. И затоа ја информираме американската јавност што се случува тука и за потребата овие активности да запрат веднаш, предупредува Чилиманов од СОС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.