Како партија која целиот предизборен период додека траеше изборната трка во САД беше на страната на Демократите, навиваше за Хилари Клинтон и ширеше и навреди кон Трамп, СДСМ продолжува со навредите кон новиот американски претседател и новата Американска администрација и по неговата инаугурација и стапување на функција.
Високиот партиски претставник на СДСМ, член на Извршниот одбор на партијата, Аднан Џаферовски на својот фејсбук профил денеска напиша:
„Америка наместо претседател доби циркус кловн“
Ваквиот став на СДСМ како втора најголема партија во Македонија е особено штетен по угледот на државата и може да влијае на нашето стратешко партнерство со САД. Ова не е првпат СДСМ и соросовите структури во Македонија да изразат анти-трамп расположение.
На 9-ти ноември сабајлето по кошмарната ноќ, соросовиот новинар Борјан Јовановски на својот фејсбук профил напиша:
„Game over… Доналд Трамп е претседател.“
Само три ден пред тоа, Заев надевајќи се дека Хилари Клинтон ќе биде идниот Претседател на САД на 6- ти ноември во емисија на 24 Вести изјави:
-Навиваме ние за демократите. Се надеваме Америка да има женски Претседател.
Велат надежта последна умира, па така и за Лидија Димова од СДСМ, која до последен момент навиваше за Хилари Клинтон.
Сите ние исто така добро ја паметиме „славната слика“ на Стефан Богоев, која тој ја објави на својот фејсбук профил каде тој е слика пред Белата Куќа. Во статусот тогаш гордо напиша „Waiting for the new US president, Hilary for America!“ Имено, тогаш Богоев беше испратен како официјален претставник ма СДСМ на испомош кај Хилари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)