| четврток, 6 декември 2018 |

Откако ќе се промашат шансите следува казна, Кијево освои три бода на „Олимпико“ (видео)

lacio

Лацио врза два порази во низа во рамките од Серија А откако римскиот клуб вечерва неочекувано загуби на домашен терен против Киево со 0-1. Тоа беше натпревар во кој домашниот тим доминираше, создаде неколку одлични шанси, а казната за промашувањата стигна во последната минута, кога гостите од Верона по една прецизно изведена акција го постигнаа победничкиот гол преку Инглезе.

Овој пораз може да значи и губење на четвртото место на табелата, доколку Интер вечерва слави над Пескара, три бода со кои „нероаѕурите“ би ги минале „лацијалите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top