Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека и понатаму не постои решение како рамномерно да се подели теретот на миграции меѓу членките на Европската Унија. Меркел изјави дека ќе инсистира на „трошка солидарност“ на сите членки на ЕУ, но како ќе изгледа тоа незнаеше да објасни. Проблемот веќе со години ги вознемирува 28 членки на ЕУ, но доби на значење после изненадниот прилив од стотици илјади мигранти во Европа во 2015 година.
Како што се пренесува, Германија преземала најголем број од мигрантите, но инсистира да учествуваат и другите земји, со прифаќање на мигранти или со давање на материјални средства. Меркел изјави дека Европа треба да соработува со Либија за контролирање на нелегалните миграции, но не може да потпише договор сличен на минатогодишниот со Турција, додека не биде воспоставена стабилност во таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.