Турција и Велика Британија потпишаа договор за заедничко производство на борбени авиони за време на денешната посетата на британскиот премиер Тереза Меј во Анкара, јави БТА.
Британската компанија „БАЕ Системс“ и Турската воздухопловнa индустрија (ТАИ) потпишаа договор во вредност од 125,5 милиони долари, што предвидува партнерски да развијат програма за ловци во Турција.
Меј наведе дека со потпишувањето на договорот, Велика Британија покажала дека е отворена за бизнис, што според неа бележи „почеток на нови и подлабоки трговски односи со Турција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.