| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул елиминиран од ФА-купот, Тотенхем низ иглени уши, Челси и Сити сигурни (видео)

liverpul

Ливерпул доживеа срамна елиминација во четвртото коло од ФА Купот, откако пред домашните навивачи на „Енфилд“ загуби со 1-2 од еден од најслабите тимови од Чемпионшип лигата, Вулверхемптон.

„Волците“ до предност од 0-2 стигнаа уште во првото полувреме. Најпрво Стримен уште во 1. минута донесе предност, а потоа и Веиман во 41. минута зголеми на 0-2.

Во вториот дел, и покрај обидите, Ливерпул успеа да стигне само до почесен гол преку Ориги во 86. минута.


111 by taftadarka2016

Тотенхем во фантастичен натпревар по дури седум минути судиско продолжение успеа да го скрши отпорот на Викомб и да слави со резултат 4-3, пласирајќи се во осминафиналето од ФА Купот на Англија. Аутсајдерот имаше водство од 0-2 по првото полувреме, а откако Тотенхем стигна до 2-2 фудбалерите на Викомб постигнаа нов гол за водство на седум минути до крајот. Сепак, „спарси“ не дозволија изненадување, Деле Али израмни на 3-3 во 89. минута, за Кореецот Сон со својот втор гол во 97. минута да предизвика еуфорија меѓу домашните фанови на „Вајт харт лејн“.

За разлика од Тотенхем, фудбалерите на Челси рутински си ја одработеа задачата на дуелот со Брентфорд (4-0). Конте им даде заслужен одмор на дел од првотимците, но „сините“ дури и со комбиниран состав лено славеа со головите на Вилијан, Педро, Ивановиќ и на Батшуаи.


All Goals HD – Chelsea 4-0 Brentford 28.01.2017 HD by Live1Goals

Рутински својата задача во оваа фаза од ФА Купот ја одработе и Манчестер сити, триумфирајќи со 0-3 на гостувањето во Лондон против Кристал палас. Рахим Стерлинг го отвори резултатот во финишот од првото полувреме, за потоа во вториот дел Сане и Туре да ја осигураат победата на „граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top