| четврток, 6 декември 2018 |

Серена подобра од Венус во финалето на АО, ја симна неприкосновената Граф од тронот

Серена Вилијамс од денеска е најдобра во историјата на женскиот тенис откако Американката со победата на Австралија опен стигна до својата 23. гранслем титула, оставајќи ја зад себе досегашната рекордерка Штефи Граф. Серена, која минатата година беше симната од врвот на ВТА-листата, во големото финале ја совлада својата сестра Венус со 2-0 во сетови, но нивното прво финале на гранслем турнирите по пауза од пет години.

Серена Вилијамс влезе во финалето со скор од 16-11 во дуелите со својата сестра, што само по себе и ја даде и фаворитската улога. Почетокот на мечот донесе нервозна игра на двете страни, па сестрите Вилијамс во првите пет гејма направија вкупно 24 неизнудени грешки. Првите четири гејма завршија со брејк (по два на двете страни), пред Венус прва да го освои сопствениот сервис за водство од 3-2. Сепак, Серена ги чекаше своите пет минути, а кога влезе во ритам беше незапирлива, па експресно го сврте резултатот и го доби првиот сет со 6-4.

serena vilijams

Вториот сет повторно донесе израмнета игра се до 3-3, кога Серена упеа да го освои сервисот на својата ривалка. Венус се обиде да се врати, но Серена Вилијамс не дозволи никакво изненадување, добивајќи го и вториот сет со идентични 6-4 за својата рекордна 24. титула во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top