| четврток, 6 декември 2018 |

Стравотен судир на „Партизанска“: Две „БМВ“ целосно уништени

Стравотна сообраќајна незгода се случи вечерва во Карпош на булеварот „Партизански одреди“, во близина на поликлиниката „Букурешт“.

Според очевидци, во сообраќајката учествувале два автомобила марка „бе-ем-ве“ кои претрпеле сериозна штета. Едниот од нив бил со скопски регистарски таблички, а другиот бил оштетен до таа мерка што едноставно на него не се забележувале никакви ознаки.

Во незгодата имало и повредени лица бидејќи очевидците забележиле дека на самото место интервенирала и Брзата помош. За бројот на повредените и карактерот на нивните повреди засега нема информации.

Поради незгодата, сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“ кај поликлиниката „Букурешт“ во насока од општина Ѓорче Петров кон Центар се одвива по една лента.

Екипите на МВР се на терен и во моментов вршат увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top