| четврток, 6 декември 2018 |

Стоп операција Сорос: Со парите од УСАИД се финансирале проекти за партизација на невладиниот сектор

Документ од дваесет страници што е всушност истражување на невладината организација „Стоп операција Сорос “ веќе е дистрибуиран до неколку надлежни институции во САД и во светот, за да алармира за начините за финансирање на голем број невладини организации во земјава финансирани од фондацијата- Институт отворено општество, како и за злоупотребите на Американската агенција за развој УСАИД, која поголем дел од проектите што ги финансирала биле за партизација на невладиниот сектор, за водење црна кампања, за организирање насилни протести за уривање на легитимната власт, за прирачници за организирање насилни протести како и за отворање на македонската јужна граница за слободен проток на мигрантите.

Од здружението велат дека секојдневно расте бројот на нивните подржувачи со ставање на располагање да помогнат за да се разоткрие начинот на кој функционира Соросовата фондација овде и Американската агенција за развој, која со финансирање на проекти од типот на горенаведените го создава впечатокот дека всушност САД наместо како непристрасен и објективен набљудувач, прави да е во улога на некој кој се меша и задира во внатрешните работи на Република Македонија.

Парите се огромни што се даваат за вакви проекти, велат од „Стоп oперација Сорос“ и дека нивната организација во иднина ќе се фокусира на иследување на движењето на овие средства, кои досега во најголем дел завршувале кај неколку невладини, Фондацијата Отворено општество-Македонија, Метаморфозис, Невладината АДИ од Гостивар, Национален совет на млади на Република Македонија.

Од „Стоп операција Сорос“ велат дека е голем интересот што го побудиле кај меѓународната јавност и дека генерирале и блог на англиски јазик на кој има текстови и филмувани материјали од американски автори за Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top