| четврток, 6 декември 2018 |

Добри соседи, скапи подароци: На Балканот си подаруваат отрови, во Скандинавија врвови

Не се сите соседи скарани соседи иако ова може во целост да се примени на Балканот. Во Скандинавија, на пример, соседите се сакаат и се почитуваат, а и за родендените си ги честитаат со несекојдневни подароци. Така, Норвешка планира за 100 роденден од независноста на Финска да подари врв од планина.

„Ја добив идејата уште во 1972 година кога правев гравитационо истражување на областа“ – вели Бјорн Гер Харсон, пензиониран геофизичар.

„Забележав дека највисоката точка во Финска е на рид, а за Норвешка на планина, па решив да напишам писмо на Министерството за надворешни работи и предложив подарок од Норвежаните за луѓето од Финска да биде врв од планина“ – додава тој.

podarok

Не постои посебна потреба за овој подарок и токму тоа е неговата цел, да покаже дека дарежливоста треба да биде присутна во сите држави.

„Низ целиот свет ќе најдете земји кои се борат и војуваат за да ги зголемат своите земји, но во овој случај, Норвешка е подготвена да даде мал дел од својата земја без да бара нешто за возврат“ – додава геофизичарот.

norveska finska

„Ова е подарок од срцата на Норвежаните до Финска, па не очекуваме ништо за возврат. Само сакаме да им подариме нешто убаво кога ќе наполнат 100 години како слободна нација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top