Во Македонската опера и балет ќе се одигра Хуманитарна детска претстава, „Маша и нејзината волшебна приказна“, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на малиот Лука Јовановски.
Малиот Лука Јовановски (на возраст од само 2 години) боледува од MALIGNANT NEOPLASM OF EYE AND ADNEXA, за неговото лекување во Истанбул, Турција, потребни се 20 000 евра. Сметка за донација: 380176980603113
„Маша и нејзината волшебна приказна“, е најновата претстава на „Театар Крик“, во која како наратор се појавува добро познатиот лик на децата, Маша од цртаните филмови. Претставата изобилува со голем број на поуки, но и со многу комични ситуации, прилагодени на возраста на публиката. Во оваа претстава, се користи интеракцијата со децата, како посебен и веќе проверен сценски израз, кој се покажа како одличен метод за одржување на вниманието кај децата- гледачи.
Во претствата играат актерите: Мирјана Поповска-Ристов, Роберт Ристов и Сашо Ристовски.
Претставата ќе се одигра на Малата сцена во Македонската опера и балет, во сабота 28.01. и недела 29.01.2017 г. со почеток во 12 часот, а цената на билетот изнесува 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивица Дачиќ бара помош – не знае што да и купи на Маша!
-
Вечерва „Змејот од Босна“, а утре гала оперски концерт посветен на Пучини и Росини на МОВ
-
Бебето Маша чудо од 450 грама: Родена во 27 недела, преживеала сепса, а сега има 3 килограми и си оди дома
-
Мајски оперски вечери: „Тоска“ со гости од Словенија, Турција и Бугарија