Четворица кумановци, двајца скопјани и по еден штипајец и кичевец се уапсени во големата акција на МВР наречена Сити за апсење на криминална банда која работела со фалсификувани платежни картички. Двајца жители на Куманово се во бегство и по нив трага МВР.
За време на истрагата добиени се сознанија е дека Е.И.(23) од Куманово, М.А.(22) и Е.А.(21), двајцата од Скопје, фигурираат како организатори на криминалната група, а Н.Б.(25), А.Д.(33), М.Р.(26), М.Т.(26) и В.Ж.(20) сите од Куманово, М.П.(28) од Штип и А.Р.(28) од Кичево, како членови на криминалната група.
Од преземените мерки е утврдено дека криминалната група започнала да делува во текот на декември 2012 година со цел вршење на кривични дела со фалсификувани платежни картички. Улогата на организаторите на криминалната група била да прибавуваат банкарски податоци од вистински платежни картички од домашни и странски државјани преку интернет, со кои изработувале лажни платежни картички кои подоцна ги употребувале или ги давале на членовите на криминалната група да ги употребат како вистински.
Криминалната група нелегалните трансакции ги вршела на ПОС терминали на продажни места – бензински пумпи, парфимерии, продавници притоа купувајќи најразновидна стока за широка потрошувачка – мобилни телефони, парфеми, цигари, очила за сонце, текстилна стока, гориво и сл. Дел од предметите кои ги купувале со фалсификувани платежни картички членовите на криминалната група ги задржувале за себе, а дел од предметите ги продавале на заинтересирани лица за цена пониска од пазарната.
Досега е утврдено дека членовите на криминалната група извршиле вкупно 87 нелегални трансакции на ПОС терминали на повеќе домашни банки во 22 продажни места во Скопје, Куманово и Штип во износ од 241.292 денари. При преземањето на мерките и активностите кон криминалната група утврдени се и други успешни нелегални трансакции кои ги извршиле членовите на криминалната група со што истите се стекнале со имотна корист од дополнителни 400.000 денари, а за кои се уште не е добиени официјални пријави од оштетените банки. Исто така, се превземаат дополнителни мерки и активности за утврдување и на други нелегални трансакции извршени од страна на криминалната група.
При реализацијата на случајот, извршени се претреси на вкупно шест локации (една во Скопје и пет во Куманово), на коишто живееле/престојувале членовите на организираната група. Од извршените претреси пронајдени се дел од предметите кои членовите на криминалната група ги купиле со фалсификувани платежни картички: парфеми од брендовите FLORA GUCCI, PACCO RABANNE Lady Million, BULGARI, VANITAS VERSACE, HUGO BOSS, Victoria Secret, очила за сонце од брендовите EMPORIO ARMANI, Police, Ray ban, Prius, GUCCI, мобилни телефони I PHONE 5, таблет компјутери IPAD и друга брендирана стока.
Во рамки на истрагата и од страна на СВР Штип извршен е претрес во дом и други простории во стан во Штип во кој престојувале три од лицата при што е пронајден уред за снимање на податоци од платежни картички МСР 606, 62 лажни платежни картички, со кои е вршено кривичното дело, како и премети кои ги купиле со фалсификувани платежни картички на бензински пумпи во Штип.
При реализација на случајот, во Скопје, Куманово и Штип се приведени 8 лица, кои во текот на денов ќе бидат изведени пред надлежен истражен судија. Двајца членови на криминалната група, Е.И. и Н.Б. се во бегство и МВР презема мерки за нивно пронаоѓање.
Против членовите на криминалната група до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„ по чл.394 ст.1, „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по чл.274-б ст.1 и ст.4 од Кривичниот Законик. Едно од лицата е пријавено за кривично дело “помагање“ по чл.24 во врска со „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


