Богата програма со концерти , претстави, мјузикли на македонски и странски уметници најавува раководството на МОБ. На репертоарот за оваа 2017-та година во која МОБ одбележува 70 години постоење не очекуваат многу проекти – дел поддржани од Министерството за култура, дел од МОБ.
На репертоарот на Операта ќе има и неколку постари претстави. Премиерите се предвидени за март , мај и октомври. Освен реализираните новогодишен и василичарски концерт, оваа година предвидени се 4 премиерни наслови, меѓу кои во март ќе биде изведен најголемиот спектакл, мјузиклот ,, Тајно моја“ посветен на Тоше Проески.
Новитет за оваа година е тоа што Министерството за култура ја дава својата поддршка за балетски играчи од странство, односно не само за први солисти туку и за асамбли, играчи и епизодни солисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)