| четврток, 6 декември 2018 |

Заев не го признава Трамп и ја поддржа Соросовата револуција во Вашингтон

Лидерот на македонската опозиција и човек што го враќа животот насекаде каде што ќе стигне, Зоран Заев, не го призна изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Месијата од Муртино се огласи со изјава веднаш по инаугурацијата на Трамп со која беше устоличен како владетел на Америка.

– Изборот на Доналд Трамп, кој за нас од СДСМ ќе биде не претседателот Трамп туку граѓанинот Дончо, не го признаваме и нема да учествуваме во никакви разговори со администрацијата на овој човек. Америка гласаше и Америка одбра. 52 милиони луѓе гласаа за Хилари и другите двајца кандидати, во споредба со 45 милиони што гласаа за Трамп. Несомнено е кого Америка избра за претседател – вели Заев.

Тој додава дека, според математичката логика и филозофија на СДСМ, Трамп нема право да биде претседател и треба да го врати мандатот.

– Јасно е дека 52 милиони Американци решија граѓанинот Дончо да не биде претседател, туку тоа да се тројцата други кандидати,. Бројот на гласови тоа го кажува јасно, исто како што во Македонија 600.000 граѓани гласаа за СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА, СЕЛА, ЛЕВИЦА, ВМРО-НАРОДНА, ДОСТОИНСТВО, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ и другите партии, во споредба со само 455.000 гласчиња, не се тоа гласови, за ВМРО-ДПМНЕ – додава Заев.

Заев предлага за да не се тискаат тројцата кандидати на една претседателска фотелја, туку функцијата да ја извршува еден од нив.

– Еве, на пример, тоа може да биде Хилари Клинтон затоа што ние ја поддржавме неа, а ние единствено знаеме што е демократија, правда и слобода – дообјаснува месијата од Муртино.

– Дополнително, граѓанинот Дончо, вели Заев, полагал заклетва на Стариот завет, а Стариот завет е депласиран и треба Америка како водечка сила да се стреми кон новите трендови.

– Не смее Старио завет да се користе, може евентуално Новио завет или, пак, на папка со Вистината за Македонија потпишана од мене, како човек одбран и црпнат од Господ да го врати живото во свето. А не таму со застарени методи на Завети лажно да се заколнува Трамп, значи граѓанинот Дончо, што е поточно – шеговито додаде Заев.

– Токму затоа СДСМ не го признава овој човек за претседател и нема да учествува во работата на конгресот ако некој нè викне што е невозможно ама, сепак, ако нè викнат, нема! Нема да му одеме на честито со поклон, ниту, пак, ќе дозволиме да го менува амбасадоро на СД… САД во Македонија. Ако го направи тоа, граѓанино Трамп ќе излезат спонтано граѓанете на улица и спонтано ќе викат „нема чадор, нема мир“, исто како што нашите браќа и истомисленици во Вашинтон протестират и мирно се борат за да се врне демократијата на капитоло шо е во Вашинтон или… акрополо, како и да се викаше… на кубен метар по це на квадрат или.. на круг, како беше – рече уште Заев.

По крајот на изјавата најави дека ако Трамп не си даде оставка ќе штрајкува со гад, односно ќе седи пред влезот на амбасадата, ќе постави слика на Трамп и ќе се гади на неа.

– Трамп нека не се филма многу, нека седи таму со нелегитимнио Иванов, да не помисли да биде претседател бидејќи СДСМ тоа нема да го дозволи – заврши Заев.

Нашата редакција побара став од Трамп за изјавата на Заев, по што ни беше ветено дека веднаш откако ќе го изгуглаат за да видат кој е па сега тој, ќе решат дали да го бомбардираат Муртино или да прснат од смеење.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top