Меѓу народот отсекогаш постоеле верувања дека некои работи можат да се предвидат според тоа што им претходи. Mногумина веруваат дека има повеќе непишани правила за работите кои можат да донесат среќа или несреќа. Луѓето во зависност од тоа колку се суеверни дури и се придржуваат до одредени ритуали, а ова се дел од народните верувања и што тие може да донесат.
– Ако ластовички направат гнезно на покривот на вашата куќа тоа значи дека таму ќе донесат мир и спокој
– Ако рано науто ви се случи некоја несреќа, не почнувајте ништо важно тој ден
– Скршена чаша – Ако во домот се скрши чаша, тоа е предзнак за среќа
– Кога прв пат земате некое бебе во рацете, замислете си желба. Таа во рок од една година ќе ви се исполни
– Јајце – Ако скршите јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча, а јајце пак без жолчка е предзнак за несреќа
– Пајак – Доколку најдете пајак на себе тоа значи дека ќе ви изненади неочекувана среќа
– Врана – Овие птици секогаш се поврзувани со лоши настани, особено ако подолго време се задржат во нечиј двор
– Истурено кафе – Ако се истури кафе во домот, тоа значи парична добивка
– Ако споменувате некоја несреќа или болест, треба да се помрднете од место
– Кога некој тргнува на далечен пат, тој ден ништо не треба да се дава на заем од куќата
– Не треба да се лиже останатата храна на ножот ниту да се јаде од него
– Потковица – Ако некаде пронајдете потковица од коњ или барем дел од потковица, тоа е знак за среќа
– Ако девојка на своето момче му подари часовник, времето за нив е одбројано
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.