| четврток, 6 декември 2018 |

Карабатиќ: Словенија е најтешкиот противник за пласман во финалето

francija

Франција и Словенија ќе играат во полуфиналето на Светското првенство, а тоа ќе биде нивни трет меѓусебен дуел во последните три недели. „Триколорите“ двапати славеа во подготовките, во Тулуз (29-27) и во Монпелје (33-26).

Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ има огромна почит за Словенците, за кои вели дека се најтешкиот можен противник, кој треба да се помине на патот до финалето.

– Среќни сме што се враќаме во Париз, но имаме многу малку време да се подготвиме за полуфиналето. Патувањата, обврските за медиуми и тренинзите ни одзедоа многу време, па сега мораме брзо да се вратиме во колосек и да ја вратиме потребната концентрација. Го имаме потребното искуство и мислам дека нема да имаме проблем пред старот на натпреварот. Со Словенија очекувам тежок меч, се сретнавме со нив двапати во подготовките и знаеме дека се репрезентација којашто игра квалитетен ракомет. Фаворити сме поради домашниот терен и нашата непоразеност во досегашниот тек од турнирот, но сериозноста е на високо ниво кај сите нас – рече 32-годишниот Карабатиќ.

Французите се фаворити со оглед на нивните успеси на големите турнири, наспроти сребрениот медал на Словенија на Европското првенство во 2004 година, како единствен медал во поновата историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top