| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина Ковач: Немам ни здравствено осигурување

Имам 42 години. Создавам музика од својата тринаесетта, почнав да заработувам на 16. За 26 години од тогаш наравив многу песни, четири музики театарски претстави, една за телевизиски филм, една за долгометражен, една за тв-серија…Отпеав еден тон пратечки вокали…Снимив вкупно четири албума, што со сестра ми, што сама. Го формирав првиот српски бој-бенд и им направив албум. Бев судија во „Икс-фактор“. Двапати нев на „Евровизија“. Напишав куп песни и музика за реклами…Баш многу.

Вака на „Фејсбук“ ја започнува својата исповед српската композиторка Кристина Ковач, за нас најпозната како една од менторите во регионалното музичко шоу.

Ковач продолжува раскажувајќи како работела со многу млади луѓе и им го пренесувала своето знаење.

 

– Би рекол човек дека за тие 26 година сум успеала да обезбедам за себе некоја недвижност, сигурно…Не сум. Немам свој стан. Свој автомобил. Удобен живот без грижа за плаќање на сметките, трошоците за живеење, храна, облека, училишен прибор, трошок за детското школување…Ни тоа го немам. Немам дури ни здравствено осигурување.

Она што имам се талент и знаење. Занает во раце.

Единствениот проблем е што во денешна Србија не знам што да правам со тоа.

Кому денес во Србија му треба талент во поп и инструменталната музика?

Во секоја друга земја, тој мој талент, таков каков што е, би ми обезбедил сигурна егзистенција, ако не и многу, многу повеќе од тоа.

Не во нашата Србија. Во нашата Србија талентот не се бара. Не се цени. Талентот во Србија не носи леб на маса. Не се јаде.

Па, што не работиш на оваа турбо-сплав музика што ја слушаат денешните клинци, тука се парите?

Затоа. Затоа што сум премногу своја и премногу стара за тоа да го сменам или да сакам да го сменам. Затоа што не сакам да живеам по цена на мачнина во стомакот. Порадо би преживувала. Затоа што не сакам да потклекнам пред наездата на неквалитет, да се подвиткам пред крахот на музичките и сите други вредности…Затоа што не сакам да го навредувам она што ми го подарил Бог.

Умеам многу тоа убаво да направам. Многу нежна волшебна музика која допира, поместува…зборува. Која вреди.

 

Само во ова наше oпустошено друштво тоа може да не значи апсолутно ништо, завршува Ковач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top