| четврток, 6 декември 2018 |

Подвиг: Жена пеш за 69 дена стигнала до Јужниот пол

Малгорзата Војтачка (51), од полскиот град Вроцлав, успеала сама, за само 69 дена, со пешачење, да стигне до Јужниот пол, кој се наоѓа на 2.835 метри надморска височина.

Полјачката е всушност втората жена во историјата, која го направила тој подвиг, по Французинката Лоранс де ла Ферие во 1997 година. Војтачка, исто како и нејзината претходничка, се движела со скии влечејќи ја зад себе санката со шаторот, опрема и храна, борејќи се со силниот ветер и сите други временски неприлики.

Авантуристката од Полска тргнала од западното крајбрежје на Антарктикот, и поминала 1.300 километри, пешачејќи 20 километри дневно.

Последните 100 километри биле посебно напорни за неа, оти тогаш го намалила времето за спиење, а последната делница ја изодела без прекин 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top