| четврток, 6 декември 2018 |

По пауза од 14 години, сестринско финале на Австралија опен (видео)

Серена и Венус Вилијамс ќе играат во финалето на Австралија опен в сабота наутро. Серена загуби само по два гема во секој сет против хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони (6-2, 6-2) и се наоѓа на чекор до седмата титула во Мелбурн.

17. тенисерка на ВТА листата, Венус Вилијамс, која го одигра турнирот, со кој потсети на најдобрите денови, ја победи Коко Вандевеј со 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-3). Ветеранката заигра на арената „Род Левер“ по пласманот во финалето.

Двете сестри пред 14 години во 2003 година играа меѓусебно финале во Мелбурн, а победи помладата Серена. Венус, која денес има 36 години, за првпат по седум и пол години по финалето на Вимблдон во 2009 година, ќе игра финале на гранслем-турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top