Најновиот модел на часовникот „Richard Mille” што може да се забележи на раката на Надал за време на настапите на првиот годинишен грен слем турнир чини неверојатни 845.000 евра. Шпанскиот тенисер има неколкугодишна соработка со швајцарската компанија за часовници која датира уште од 2010 година, а во изминатиот период носеше неколку модели што беа изработени специјално за него, но овој последниот дефинитивно е убедливо највредниот.
– Вредноста на овој часовник не е во некакви дијаманти или злато, туку во механиката, која е единствена од ваков вид што се применува во оваа индустрија. Во него е вложен огромен труд, па јасно е дека ние сме бескрајно горди од финалниот производ, истакнале од компанијата „Richard Mille”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?
-
Ќе бидеме подебели, поглупи, помрзоволни: Ова се последиците од укинување на сезонското сметање на времето!
-
Часовникот на Музеј на град Скопје покажува 6.17 наместо 5.17, од кабинетот на Шилегов не знаат како се поместиле
-
Колку е опасно по здравјето поместувањето на стрелките на часовникот?