| четврток, 6 декември 2018 |

Евра го напушта Јувентус и се враќа во Франција

p.evra

Иако се чинеше дека ќе остане во Торино барем до крајот на оваа сезона, францускиот лев бек Патрис Евра утре ќе има медицински прегледи во Олимпик Марсеј каде ќе продолжи својата кариера.

Евра ќе се пресели во Марсеј како слободен играч, откако постигнал договор за прекин на соработката со „старата дама“. Тој го загуби првотимскиот статус од Алекс Сандро, а во меѓувреме пред него шанса добива и Асамоа, па неслучајно Французинот инсистирал да му биде дозволено да ги смени клупските бои. Најверојатно ќе потпише 18-месечен договор со Олимпик Марсеј кој со новите инвеститори се труди да го врати тимот на врвот на француската Лига 1.

Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус ќе тргне во офанзива по Сеад Колашинац, левиот бек на Шалке кој е достапен за отштета од пет милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top