| четврток, 6 декември 2018 |

Што им фали на родените после 1984 година?

Симон Синек е британски односно американски автор, мотивациски говорник и маркетинг консултант. Тој е автор на три книги, вклучувајќи и еден бестселер 2009 година. Неговото изјаснување за генерацијата родена после 1984 година кренаа голема прашина во јавноста.

SimonSinek_bio

 

Еве неколку забелешки за оваа генерација која тој ја нарече „Милениумци“:

– Милениумците се израснати со погрешна стратегија за воспитување. Ним постојано им се говори дека се посебни, дека можат да имаат што ќе посакаат, само затоа што тоа го посакале.

– Проблемот се влошува бидејќи тие растат на социјалните мрежи „фејсбук“ и „инстаграм“. Односно растат само со „разубавувани работи”. На социјалните мрежи тие покажуваат колку им е убав животот. Но, вистина е дека тие се депресивни.

– Некои го откриваат алкохолот како решение на проблемите.

– Фејсбук и депресија.

– Имате генерација која расте со ниска самодоверба, без механизам да се справи со стресот.

Синек има само еден совет до оваа генерација.

– Кога одите на спиење, оставете го телефонот во дневна, за да немате искушение – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top