Бразилскиот интернационалец Алехандре Пато е на прагот да го напушти шпанскиот прволигаш Вилјареал во овој зимски преоден рок и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Турција. За него сериозен интерес покажува турскиот клуб Галатасарај. Медиуимите во Турција нагласуваат дека трансферот е пред конечна реализација, а Пато е задоволен што во Галатасарај ќе добива поголема годишна плата.
Вилјареал на местото на Бразилецот ќе се обиде да ги ангажира Адријан Лопез од Порто и Фелипе Каиседо од Еспањол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.