| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Враќањето на самодовербата ми помогна во победата

Со победата над Милош Раониќ, најдобриот тенисер на Шпанија, Рафаел Надал, по пауза од две и пол години повторно ќе заигра едно полуфинале на гренслем турнир. Рафа утрово во доста интересен и возбудлив меч славеше победа над третиот тенисер на светот, а по мечот изјави дека оваа победа е најважната во последните неколку години.

– Оваа победа многу ми значи, бидејќи имав премногу тешки моменти во последниот период. Се борев до последна топка и среќен сум што успеав да дадам подобра игра од противникот. Полека ја враќам самодовербата и ќе се обидам да бидам оној стариот. Морав да бидам претпазлив на неговиот страотен сервис, а кога почуствував дека можам да се справам со тоа, знаев дека ќе победам. Беше тешко, но сепак успеав да се пласирам во полуфиналето, каде ме чека уште еден тежок дуел против Димитров – вели Рафа.

Во полуфиналето Надал ќе се сретне со бугарскиот тенисер, Григор Димитров, кој утрово во три сета славеше победа на Давид Гофин од Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top