| четврток, 6 декември 2018 |

Олдриџ на пет секунди до крајот му донесе победа на Сан Антонио на дербито во Торонто (видео)

lamarkus oldridz

Еден од фаворитите за шампионскиот прстен, тимот на Сан Антонио го совлада Торонто со 106-108 во дерби дуелот од ноќната програма во НБА лигата. Одлучија слободните фрлања на Ламаркус Олдриџ на 12 и пет секунди до крајот на мечот, во кои крилниот центар реализираше по едно.

Тексашаните до победата во „Ер Канада центарот“ ги предводеше Олдриџ со 21 поени и седум скока, а одличен беше и резервистот Пети Милс со 18 постигнати поени. Кај домашните најдобар беше Лаури со 30 поени и пет скока, Теренс Рос дополни со 21 поен од клупата, додека Нормал Пол постигна 16 поени.

Сигурен пред своите навивачи, предводени од Бредли Билом и Џон Вол беше и Вашингтон против Бостон со 123-108, додека Чикаго беше подобар од Орландо со 100-92. Џими Батлер, кој мечот го заврши со 20 поени, осум скока и четири асистенции, и Двејн Вејд со 21 поен ги предводеа Булси до новата победа.

Во Бостон, како по обичај, најдобар беше Ајзеа Томас со 25 поени и 13 асистенции, Ал Хорфорд запиша 22, а Џеј Краудер 17 поени.

НБА резултати:

Орландо – Чикаго 92-100, Филаделфија – ЛА Клиперс 121-110, Торонто – Сан Антонио 106-108, Вашингтон – Бостон 123-108, Денвер – Јута 103-93, Феникс – Минесота 111-112.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top