| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини најави средби Србија- Косово: Се договориле да ги остават тензиите зад себе

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини им се заблагодари на српскиот и косовскиот претседател Томислав Николиќ и Хашим Тачи, како и на премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа, за конструктивниот и отворен состанок во Брисел.

Таа за следните денови најави серија средби на високо ниво.

Шефицата на европската дипломатија во соопштението по состанокот во Брисел оцени дека претставниците на Србија и Косово се договориле да ги остават тензиите зад себе и да се фокусираат на работата која претстои.

– Двете страни се договорија да продолжат со дијалогот во духот на почитување, соработка и меѓусебно разбирање. Разговорите меѓу нив ќе се интензивираат во следните денови. Одлучивме наскоро да одржиме серија состаноци во рамки на дијалогот на високо ниво, истакна Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top