| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка на осум деца живее од социјална помош и тврди:Премногу сум убава за да работам

мајка
Мари Бучан (37) од Бирмингем е мајка на осум деца, а вели дека напорите на оваа држава да ја “принудат” да работи, на неа влијаат многу лошо бидејќи таа нема време за семејството.

Мари напорите на Британија да ја вработи ги опишува како “бесмислени” бидејќи таа своите деца речиси воопшто не ги гледа.
– Не поминувам ниту момент квалитетно време со своите деца. Секоја недела по 16 часа минувам на курс за автомеханичар а напоредно и работам, изјави во месец ноември минатата година оваа мајка. Меѓутоа, сега таа е повторно на насловните страници на британските магазини, но нејзиниот изговор за избегнување на работата сега е потполно поинаков.
Откако го завршила успешно курсот за којшто говорела, таа вели дека сега не може да пронајде работа бидејќи на секое место каде што се обидела и се додворуваат “лигави работодавци”.

мајка2

– Откако за прв пат се појавив во медиумите, неколку сопственици на автомеханичарски работилници ме исконтактираа. Разговарав со сите, за да видам какви услови ми нудат. Се испостави дека тие на мене воопшто не гледаа како на работник, и дека сакаат нешто друго од мене, вели Мари за таблоидот Sun, додавајќи дека иако жените денес работат и во полицијата, и во војската, и ги имаат сите потребни вештини за тоа, поголемиот дел од мажите и понатаму ги гледаат како сексуални објекти.

мајка3
Мари има осум деца на возраст од 3 до 15 години и сите и понатаму живеат од социјална помош.

-Сакав да стекнам работно искуство и се јавував во автомеханичарски работилници, но сите единствено ме повикаа на пијалок и се обидуваа да ме искористат- вели Мари, а медиумите потсетуваат и дека пред извесно време било откриено дека купила луксузен автомобил вреден 70.000 фунти, како и тоа дека планира да вгради силикони, за што планирала да издвои 4.500 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top