| четврток, 6 декември 2018 |

Надал е последниот четвртфиналист на Австралија опен, во четири сета елиминиран Монфис

rafael nadal 1

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Рафаел Надал е последниот четврфиналист на Австралија опен откако во последното осминафинале го елиминираше Гаел Монфис со 3-1 (6-3, 6-3, 4-6, 6-4) во сетови. Шпанецот за еден за час и половина игра имаше предност од 2-0 во сетови (6-3, 6-3) додека грешките на Монфилс растеа. Во третиот сет шпанскиот тенисер немаше доволно енергија и застана на 4-4, а последните два му припаднаа на Французинот за намалување на 1-2 во сетови. Сервисот му тргна од рака на Монфис во четвртиот сет, па со брзи ас поени за само 20 минути игра стигна до предност од 4-2. Сепак, Рафа во следните четири гема не дозволи изненадување и дојде до посакуваната победа.

rafael nadal

Милош Раониќ се мачеше против Роберто Баутиста во првите два сета (6-7, 6-3), но по егалот од 1-1 ја најде потребната концентрација и експресно ги доби двата наредни сета со 4-6 и 1-6 за победа и пласман во четврт-финалето.

Двојки четврт-финале:
Зверев – Федерер
Вавринка – Цонга
Раониќ – Надал
Гофин – Димитров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top