| четврток, 6 декември 2018 |

Овие работи никако не чувајте ги дома, носат несреќа

Скршен часовник – фенг шуи вели дека работите што се скршени треба да се исфрлат од домот, а посебно часовниците. Тие, наводно, укажуваат на несреќни настани во иднина.

Црна врата – според кинеските верувањa, таа предизвикува лоша среќа во вашиот дом, но не и ако е свртена кон север! На другите страни на светот никако не би требало вашата врата да биде црна.

Стар календар – календарот обесен на влезната врата од куќата е потсетник на минливоста на животот и затоа се верува дека тогаш влијае на траењето на животниот век на нејзините станари.

Скршени садови – садовите, според кинеските верувања, симболизираат богатство и семејство. Ако јадете на напукнати садови вие потсвесно ги повикувате проблемите во вашиот живот.

Кактуси и билки со трње (освен рози) – внесуваат негативна енергија во домот.

Мртви билки – како на пример вештачко цвеќе, се смета дека носи лоша среќа, а според фенг шуи треба да се исфрлат од куќата штом ќе овенат.

Бршлен – старо е верувањето дека бршленот кој лази низ куќата носи несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top