Амбасадорката на Сојузна Република Германија и Амбасадорот на Франција заедно организираат проекција на филмот „ФРАНЦ“ (германско–француска ко–продукција, режисер Франсоа Озон, 2016)
Во мало германско гратче Ана (Паула Беер ) тагува за својот вереник Франц , кој загинал како војник во Франциј . Секојдневно таа му го посетува гробот и положува цвеќиња. Еден ден таму ќе сретне непознатиот Адриен (Пјер Нине ), таинствен млад Французин и поранешен воен непријател. Присуството на Французинот по германскиот пораз во селската заедница распламтува непредвидливи реакции. Сепак за Ана тој е единствената врска со последните часови на Франц.
Проекцијата ќе се одржи вечерва (23 јануари) во Кинотека на Македонија, Никола Русински 1, Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“