Најдобриот снукер играчи во историјата, Рони О’Саливен, синоќа во „Александра Палас арената“ по седми пат во својата кариера триумфираше на Мастерсот во Лондон со што стана рекордер по освоени титули од овој престижен турнир.
Во финалето по доста неизвесна борба славеше над Џо Пери за кој ова финале беше прво големо во својата кариера. Пери во попладневната сесија имаше водство од 4-1, но О’Саливен со неколку маестрални потези на пауза замина со 4-4, додека во вечерната сесија на масата играше само еден снукер играч, и по серијата грешки на Пери, „ракетата“ славеше со 10-7.
Со оваа победа големиот О’Саливен по седми пат го крена трофејот „Пол Хантер“, кој го носи името по легендарниот снукер играч, кој по тешко боледување почина на 27 години. Покрај оваа награда О’Саливен инкасира и 200.000 фунти, додека наградата за најдобар брејк му припадна на Марко Фу, со кој стигна до бројката од 141. Рони до крајот на овој месец ќе настапи на квалификациите за Кина Опен, а веќе на 1 февруари следува првиот рангиран турнир, германскиот Мастерс во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)