| четврток, 6 декември 2018 |

Рајан Мејсон успешно опериран и е надвор од животна опасност (видео)

rajn mejson

Во синоќешниот дуел меѓу Челси и Хал,фудбалерот на гостите Рајан Мејсон, заработи тешка повреда и фрактура на черепот по судирот со дефанзивецеот на „сините“ Гери Кејхил. Тој веднаш по инцидентот беше пренесен во болница, а доцна синоќа беше опериран во „Сент Мери“ во Лондон.

Иако беше во критична состојба, лекарите му го спасија животот и сега е надвор од опасност по неговиот живот.

Состојбата на Мејсон е стабилна и за неколку денови се очекува да биде пуштен на домашно лекување. За него сезоната е завршена и на фудбалот треба да му се врати следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top