Момче од 10 години кое беше спасено од затрупаниот хотел во Италија остана сираче, откако властите потврдија дека и двајцата негови родители загинале во трагедијата, објави англиски „Телеграф”.
Спасувачката операција продолжува, а преживеаните ја раскажуваат својата приказна.
– Беше како бомба – вели преживеаниот Винченцо Форт (25) кој со својата девојка Џорџија Галас биле во тесен и темен простор во текот на 50 часа.
Едоардо ди Карло е едно од четирите деца кои беа извадени живи, заедно со уште петмина возрасни. Момченцето поминало две ноќи и два дена на ниски температури, под снег, мраз и карпи.
– Погледнете го сиот овој снег. Може ли да одиме да се скијаме? – биле првите зборови на Едоардо кога спасувачите го извадиле од хотелот.
Досега загинале 6, спасени се 11, а 23 лица се водат како исчезнати.
Минатата недела хотелот се урна поради лавина со снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.