| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар: Треба да бидеме горди на овие наши ракометари

lino cervar

Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз од Норвешка (34-23) го заврши настапот на Светското првенство (СП) во Франција. Селекторот Лино Червар е задоволен од генералниот пласман и вели дека нашите ракометари може да се вратат дома.

– Мора да бидеме реални, Норвешка е подобра од нас. Игравме со хендикеп, без Миркуловски и Манасков, баш и со крилата промашувавме зицери. Во првото полувреме добро игравме, во второто полувреме немавме сила. Не би сакал да зборувам лошо за играчите, мора да бидеме горди на нив. Како што би рекол Мојсо – „Едно име, Македонија!“. Голема благодарност до сите што не бодреа. Може горди да се вратиме дома. Со едни добри игри. Сакавме да направиме подвиг, да сеп ласираме меѓу осумте најдобри, но немавме сила. Отсуството на двајцата наши првотимци влијаеше многу, Миркуловски и Манасков се врвни ракометари – изјави Червар.

Сличен настап нашата репрезентација имаше и на СП во Катар, каде исто така завршивме во осминафиналето, каде бевме елиминирани од Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top