Поранешниот шампион на Австралија опен, Рафаел Надал се намачи да се пласира во втората недела до натпреварувањето, откако во меч кој траеше повеќе од четири часа и се играше пет сета, го совлада 20-годишниот Германец, Александар Зверев со 4-6, 6-3, 6-7/5, 6-3, 6-2.
Во текот на целиот меч се менуваа тенисерите во доминацијата, но физичката сила и искуството пресудија во полза на Шпанецот. Во текот на ноќта пласман во осминафиналето обезбедија и Австриецот Тием со победата над Беноа Пер од Франција во четири сета и Даниел Гофин, кој славеше со 3-0 против Иво Карловиќ (6-3, 6-2, 6-4).
Во шпанскиот дуел Баутиста го победи поискусниот Давид Ферер со 3-1 во сетови (7-5, 6-7/7, 7-6/3, 6-4). Узбекистанецот Истомин, кој го елиминира Ѓоковиќ, пак играше пет сета и пак победи, овој пат против Кареро Буста.
Денешната програма ќе ја затворат Димитров и Гаске, со мечот кој почнува на пладне по средноевропско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.