Денеска во Албервил, нашата ракометна селекција ќе го одигра осминафиналниот натпревар од Светското првенство во Франција. Наш противник ќе биде селекцијата на Норвешка, која беше второпласирана во групата А, а селекторот Кристијан Берге за тамошните медиуми изјави дека го знае клучот за победа над нашата репрезентација.
– За мечот против Македонија имам неколку тактички варијанти. Имам план А и план Б и ќе ги менувам во зависност од играта. Нè чека тежок меч, бидејќи Македонија го има најдобриот десен бек на светот, но според мене Лазаров е поопасен кога игра на централната позиција, а не на десната бековска. Мислам дека знам како да како да го неутрализирам македонскиот напад, ќе играме агресивна одбрана. Сепак, Македонија не е само Кире Лазаров, но ако даде 10 гола тогаш ќе биде тешко за нас – вели Берге.
Мечот меѓу Македонија и Норвешка ќе се одигра на „Олимписката арена“ во Албервил со почеток од 16.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.