| четврток, 6 декември 2018 |

Бурна ноќ во Истанбул: Додека Турција станува султанат, проектили летаат во градот (ФОТО)

Врз полициска станица во Истанбул синоќа била истрелан проектил од рачен фрлач, кој ја промашил целта, јави Си-Ен-Ен Турк, но вториот истрелан проектил ја погодил канцеларијата на владејачката партија на претседателот Ердоган, АКП. Нападот се случил во дистриктот Фатих, во европскиот дел од градот. Во големата полициска акција преземена по нападот утврдено е дека нема повредени, а материјалната штета допрва ќе се утврдува. Нападот се случи додека Парламентот ја разгледува можноста на Ердоган да му се даде поголема моќ, односно додека Турција од парламентарен преминува во претседателски систем.

Турскиот парламент одобри измени во Уставот, со кои е предвидено и зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Со тоа е отворен патот за одржување на референдум, кој се очекува на пролет, а со што ќе му се овозможи на Ердоган да биде шеф на државата до 2029 година.

Парламентот ги одобри измените во Уставот со 339 гласови од вкупно 550 члена. На седницата која заврши рано изутринава, пратениците гласаа пакет измени предложени од владејачката партија на Ердоган.

ANKARA, TURKEY - JULY 17: People wait Turkish President Recep Tayyip Erdogan (not seen) at Kizilay square as they gather to protest the "Parallel State/Gulenist Terrorist Organization"s failed military coup attempt in Ankara, Turkey on July 17, 2016. Parallel state is an illegal organization backed by U.S.-based preacher Fetullah Gulen. (Photo by Evrim Aydin/Anadolu Agency/Getty Images)

ANKARA, TURKEY – JULY 17: People wait Turkish President Recep Tayyip Erdogan (not seen) at Kizilay square as they gather to protest the “Parallel State/Gulenist Terrorist Organization”s failed military coup attempt in Ankara, Turkey on July 17, 2016. Parallel state is an illegal organization backed by U.S.-based preacher Fetullah Gulen. (Photo by Evrim Aydin/Anadolu Agency/Getty Images)

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги поздрави резултатите од гласањето, нагласувајќи дека „сега тоа ќе му биде доверено на народот и тој ќе одлучи“.

Ердоган и неговите приврзаници тврдат дека измените ќе донесат стабилност, но критичарите сметаат дека тие му дозволуваат премногу власт на шефот на државата. Ердоган, кој раководи со Турција од 2003 година, веќе е обвинуван за зголемен авторитаризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top