| четврток, 6 декември 2018 |

Кој со кого игра во осминафиналето на ракометниот мундијал

Со одигрувањето на натпреварите од последното 5. коло во групите Ц и Д, комплетирани се сите осум пара за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција.

На средбите одиграни вчера беа постигнати следните резултати по што е познат и конечниот изглед на табелите:

Ц група: Чиле – Саудиска Арабија 25-26, Германија – Хрватска 28-21 и Белорусија – Унгарија 27-25.

Табела: Германија 10 бодови, Хрватска 8, Белорусија 4, Унгарија 4, Саудиска Арабија 2 и Чиле 2.

Д група: Бахреин – Аргентина 17-26, Шведска – Египет 33-26 и Катар – Данска 29-32.

Табела: Данска 10, Шведска 8, Египет 6, Катар 4, Аргентина 2 и Бахреин 0.

Нокаут-рундата, односно осминафиналето, ќе го отворат Македонија и Норвешка со средбата која ќе се игра во Албервил, попладнево од 16 часот.

Денеска на Мундијалот се уште три средби: Франција – Исланд (сабота 18 часот), Словенија – Русија и Шпанија – Бразил (20:45 часот).

Двојките за во недела се: Белорусија – Шведска (16 часот), Унгарија – Данска (16 часот), Германија – Катар (18 часот) и Хрватска – Египет (20:45 часот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top