| четврток, 6 декември 2018 |

Покрив од зграда во Кавадарци откорнат од силниот ветер

Невреме проследено со силен ветар и дожд вчера попладне откорна кров од зграда на улицата „Игман” во Кавадарци, пишува Дневник

nevreme

Од паднатиот покрив, како што пишува „Дневник“, се оштетени една гаража и едно возило во друга гаража, жици од далновод и една бандера. На самото место можеле да се забележат и парчиња од покривот, но и стакла од соларните панели кои биле поставени на кровната конструкција.

За среќа, нема повредени, причинета е материјална штета.

nevreme1

 

Фото: Дневник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top