| четврток, 6 декември 2018 |

Во дербито од групата Ц, Германија лесно со Хрватска

Со убедливи  28-21 (13-9), Германците славеа над Хрватите во денешното дерби на Светското првенство во Франција, со што репрезентацијата на Германија го освои првото место во групата Ц.

Натпреварот помина без големи изненадувања, со постојана предност за германскиот тим. Најефикасен кај Германците беше Винцек со 6 гола, а Хафнер постигна пет погодоци. Кај Хрватите, пак, по пет гола постигнаа Штрлек и Степанчиќ.

Во осминафиналето Германија ќе игра со селекцијата на Катар, додека Хрватска, како второпласирана од групата Ц ќе се соочи со третопласираната селекција од групата Д – Египет.

Токму Египет во последниот натпревар од групната фаза загуби од Шведска со 33-26, по што Швеѓаните како второпласирани ќе завршат во Групата Д, со еден пораз од селекцијата на Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top