Откако тренерот Славен Билиќ потврди веста дека Дмитри Паје одлучил дефинитивно да го напушти Вест Хем, оштетен бил неговиот автомобил пред куќата во која живее во Лондон.
Како што се наведува во написите на англиските медиуми, вандали со цигли ги искршиле стаклата на автомобилот откако Паје побарал трансфер за да се врати во Франција.
Тој одби да тренира со првиот тим на Вест Хем бидејќи сака да се врати во Марсеј откако мина само година и половина на Острвот. Оваа одлука според него е од фамилијарни причини, но начинот на кој сака да го напушти Вест Хем и одбил да тренира во моменти кога клубот е во далеку послаба форма од минатата година, и тоа како ги разгневи навивачите на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.