| четврток, 6 декември 2018 |

Германија нема да толерира шпионирање од страна на Турција

Германија нема да толерира турски разузнавачки операции на своја тероторија, изјави началникот на германската служба за внатрешно разузнавање, Ханс Георг Маасен, откако германскиот Главен обвинител почна истрага за можна шпионажа од страна на турски верски лидери, пренесоа британските медиуми.

Масен, шеф на Федералната служба за заштита на Уставот (германско внатрешно разузнаване) во Берлин изјави дека е многу загрижен од развојот на настаните во Турција во последно време, како и од „операциите за влијание“ врз турското малцинство во Германија или Германците кои потекнуваат од иселениците од Турција.

-Не можеме да прифатиме разузнавачки агенции да дејствуваат во Германија против германските интереси, и затоа протестираме, рече Маасен во Берлин.

Истрагата почна неделава, откако во декември жалба поднесе германскиот пратеник Фолкер Бек. Жалбата се темели на информации дека турски имами во Германија биле инструирани да доставуваат информации за следбениците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој од Анкара е обвинет за обидот за преврат во земјата во јули минатата година.

Случајот се заканува уште повеќе да ги засили тензиите во и онака затегнатите односи меѓу двата сојузника од НАТО, забележуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top