Смислата за хумор ја демонстрираше во четвртокот вечерта новиот американски претседател Доналд Трамп на гала вечерата одржана во Вашингтон со донаторите, велејќи дека дождливото време во текот на инаугурацијата во петокот нема да му пречи, бидејќи така повторно ќе докаже дека не носи перика, туку дека косата е негова.
-Досега сé мина во најдобар ред, но големиот момент настапува утре околу 12 часот. И нема да ми пречи доколку врне, бидејќи луѓето уште еднаш ќе се уверат дека мојата коса е вистинска“, се шегувал Трамп на гала вечерата на која присуствувале голем број донатори.
Пред три месеца Трамп во гостувањето во емисијата „The Tonight Showu“ Џими Фалон, една од најгледаните емисија на американските телевизии. Својот вообиачено остар настап тогаш го замени со допадливо издание.
Го издржа „решетањето“ од страна на Фалон., ги поднесе дури и имитациите на своја сметка, согласувајќи се на крајот популарниот телевизиски водител да му ја разбушави косата. Од почеток малку негодуваше, но поттикнат од овациите, на крајот се согласи. Фалон добро ја разбушави косата на Трамп, а во тоа време републиканскиот претседателски кандидат тоа го издржа со насмевка. – Од главата ништо не му испадна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)