| четврток, 6 декември 2018 |

Над Русија не летајте: Додека ние мрзнеме, Русија си има друга мака

Вулканот Ебеко што се наоѓа на северот од далекуисточните Курилски Острови, Парамушир, исфрли облак од пепел висок два километри, соопшти денеска Камчатската група за вулкански ерупции (КВЕРТ), јави ТАСС.

Поради активностите на вулканот прогласен е портокалов код за опасност за воздушниот сообраќај, се вели во соопштението на КВЕРТ.

Според стандардите на Меѓународната организација за граѓанско воздухопловство (ИКАО), портокаловиот код означува висока опасност и е само степен подолу од највисокиот – црвен код.

Вулканот Ебеко се наоѓа во севертниот дел на островот Парамушир, на седум километри северозападно од градот Северокурилск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top