| четврток, 6 декември 2018 |

Немири пред почетокот на инаугурацијата на Трамп: Платеници на Сорос се судрија со полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот американски претседател Доналд Трамп денеска официјално треба да застане на чело на САД. Поддржувачи на Трамп пристигнуваат во Вашингтон, но исто така и платеници на Сорос.

Во нивен познат стил, со покажување на среден прст, вулгарности, пцости и погрдни зборови активисти на Сорос протестираат пред Националниот прес-клуб, каде што се одржува “DeploraBall” за поддршка на Трамп.

Платениците на Сорос, делуваат по една иста шема ( и ние бевме сведоци на нивната насилна демонтрантска шема, за време на Шарената револуција), па така погрдните зборови и пцостите кулминираат во инициран судар со полицијата.

-Голем број од луѓето кое протестираа носат маски и физички и се спротивставуваат на полицијата, која сака да го обезбеди просторот пред зградата и да овозможи простор за движење, пренесува репортерот Брајбарт, кој во живо пренесува што се случува таму.

Платениците на Сорос, користат и гасни бомби, а еден новинар успеа сето тоа да го фати пред камера.

Уште една работа која е за осуда, е користењето на малолетници. За време на пренос во живо, Фокс Њуз, интервјуира малолетник кој тврди дека потпалил оган на улиците во Вашингтон каде што се протестира. На прашањето зошто го направил тоа, малолетникот, кој инаку нема право на глас на избори, оговара:

-Затоа што така сакав. И затоа велам „Нека се е*е „нашиот“ претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top