Српската тенисерка Јелена Јанковиќ и Русинката Светлана Кузњецова го одиграа најинтересниот меч од синоќешната програма на женскиот турнир од Австралија Опен.
По вистинска драма на крајот победата ја однесе Русинката која славеше со 2-1 (4-6,7-5,9-7) во сетови.
Во следната рунда очекувано лесно се пласираше Венус Вилијамс оставајќи и само еден гем на Кинеската Дуан во победата од 6-1,6-0.
Понатаму продолжува и Германката Кербер која со 6-0,6-4 беше подобра од Плишкова од Чешка, а Романката Кирстеа, пак, со 6-2,7-6 беше подобра од Американката Риске.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.